5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМукаетов го посети кампот на Кире Лазаров

Мукаетов го посети кампот на Кире Лазаров

mukaetov-lazarov5555

Првиот човек на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошески, во четвртокот во Охрид, го посетија ракометен камп на Кирил Лазаров.

Капитенот на националната селекција од првиот човек на Федерацијата, за сериозноста на проектот доби несебична поддршка.

„Премногу ме радува фактот што толку многу деца се вљубеници во ракометот. Исто така ме радува насмевката на децата кои се дел од ракометниот камп. Идејата и потегот на Кирил Лазаров за организирање на ваква манифестација е за вистински поздрав. Со ваквите кампови ракометот во нашата земја ќе оди чекор напред. Ние како Ракометна федерација и јас како прв човек во одговорна фирма какв што е Алкалоид имаме чест и задоволството да бидеме дел од ваков проект. РФМ секогаш ќе ги помага ваквите кампови и во иднина планираме и ние сами да ги организираме“, рече првиот човек на РФМ и на Алкалоид, Живко Мукаетов.

Кампот на Лазаров започна на 22-ри јуни и ќе трае до 28-ми јуни, а како специјални госдти изминатите денови во него беа неговите репрезентативни колеги Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Борко Ристовски и селекторот на српската ракометна репрезентација Дејан Периќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП