24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го договори Клајн

Ливерпул го договори Клајн

klajn 34

Левиот бек на Саутемптон, Натанијел Клајн (24), кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, пренесоа англиските медиуми. Ливерпул за Клајн ќе плати 10,5 милиони фунти, а договорот ќе биде потпишан кога фудбалерот ќе се врати од одмор.

Клајн е четврти играч на Саутемптон кој во период од 12 месеци се сели во Ливерпул, минатата година во овој период на „Енфилд“ се преселија Рики Ламберт, Адам Лалана и Дејан Ловрен.

Иако преодниот рок официјално се уште не е започнат Ливерпул веќе донесе шест нови имиња во тимот, пред Клајн соработка со „црвените“ договорија Милнер, Ингс, Богдан, Гомез и Фирмино.

Од друга страна Саутемптон веќе најде замена за Клајн, за 3,5 милиони фунти во клубот пристигна Седерик Соарес од Спортинг Лисабон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП