Во данскиот град Колдинг се извлечени групите за Светското првенство во ракомет во женска конкуренција, кое во Данска ќе се одржува од 5-ти до 20-ти декември.
Женскиот ракометен Мундијал ќе се игра во четири дански градови (Колдинг, Хернинг, Наствед, Фредерикшавн).
Група А: Данска, Црна Гора, Унгарија, Јапонија, Тунис, Србија
Група Б: Куба, Шведска, Холандија, Полска, Кина, Ангола
Група Ц: Бразил, Франција, Аргентина, Јужна Кореа, Конго, Германија
Група Д: Норвешка, Шпанија, Романија, Русија, Порторико, Казахстан.