19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПартизан се откажа од настапот во Еврокупот

Партизан се откажа од настапот во Еврокупот

par tizan

Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан донесе одлука клубот да не игра во Еврокупот во наредната сезона. Вицепрвакот на Србија, пласман во Еврокупот избори преку АБА лигата, но поради финансиските проблеми се откажа од настапот во ова натпреварување.

„Нема да играме во Еврокупот во наредната сезона“, потврдил и претседателот на Партизан, Предраг Даниловиќ.

Партизан подолго време има проблеми со финансиите, така што не е изнендувачка одлуката клубот да се откаже од настапите во Еврокупот. Настапот во ова натпреварување дополнителни би го оптовариле буџетот и тоа во момент кога клубот ќе биде дополнително ослабен бидејќи во наредната сезона Партизан ќе настапува со млади кошаркари.

Инаку покрај Партизан најверајтно и вториот клуб од Србија кој преку АБА лигата избори пласман во Еврокупот, Металац од Ваљево, ќе се откаже од настапот во ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП