2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСопственикот на Феникс Санс сака да го купи Леванте

Сопственикот на Феникс Санс сака да го купи Леванте

robert sarever

Американскиот банкар и мнозински сопственик на НБА тимот Феникс Санс, Роберт Сервер, за сума од 55 милиони евра ќе се обиде да го купи шпанскиот прволигаш Леванте.

Фондацијата Леванте која поседува 72 отсто од акциите на клубот, во вторникот со мнозинство гласови решила да започне преговори за продажба на клубот кој е основан во 1910 година.

Клубот од Валенсија минатата сезона во Примера го освои 14-то место, а некаде во финишот на првенството раководството објави дека не постои спортска и економска причина клубот да биде продаден, иако напомена дека има намера тимот квалитативно да напредува.

Леванте има долг од 28 милиони евра, но долгот не ја загрозува стабилноста и функционирањето на клубот.

Роберт Сервер, во јануари годинава, имаше намера да стане мнозински сопственик на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, но неговата понуда од 20 милиони фунти беше одбиена со образложение дека поголем дел од акционерите не би ја поддржале таквата одлука.

Изминатите години, со почетокот на економската криза во Шпанија, азиски и арапски бизнисмени купија дел од сопственоста во неколку клубови меѓу кои се Малага и Атлетико Мадрид, а минатата година Петер Слим, бизнисмен од Сингапур, стана сопственик на Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП