6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏексон Мартинез ќе игра во Атлетико

Џексон Мартинез ќе игра во Атлетико

jmartinez 33

Напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез, ќе потпише четиригодишен договор со Атлетико Мадрид, тврди менаџерот на фудбалерот Луис Енрике Помпео.

Во интервју за „Calciomercato“, Помпео потврдил дека Мартинез решил да го одбере Атлетико иако за неговите услуги биле заинтересирани Арсенал, Ливерпул и Милан.

„Милан и Галијани направија се за да го донесат Мартинез, но Џексон го преферираше Атлетико“, рекол Помпео.

Атлетико на Порто за услугите на Колумбиецот ќе му плати сума од 35 милиони евра. Мартинез минатата сезона за Порто постигна 28 голови, од кои седум во Лигата на шампионите, а за време на својот престој на „Драгао“ стадионот постигнал 92 гола на 133 натпревари.

Џексон Мартинез е втор напаѓач кој во летниот преоден рок пристигна во Атлетико, откако претходно договор со ’јорганџиите’ потпиша Аргентинецот Лусијано Вието.

Во меѓувреме од тимот си замина Марио Манџукиќ кој се пресели во Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП