17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона го посакува Ди Марија!?

Барселона го посакува Ди Марија!?

bomba di maria

Европскиот клупски шампион Барселона ја разгледува можноста да привлече фудбалер кој до неодамна ги радуваше навивачите на Реал Мадрид.

Станува збор за крилото на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија.

Според каталонски „Sport“ од Барса сакале да дознаат како ќе реагира самиот Аргентинец на веста за интересот кон него. Извор на весникот тврди дека Ди Марија нема ништо против да премине во Барселона, доколку клубовите се договорат за трансферната сума.

Во моментов се е во сосема почетна фаза и од Барса не контактирале со раководството на Манчестер Јунајтед со барање за цената на 27-годишниот Аргентинец. Но, факт е дека Ди Марија разочара во дебитантската сезона на „Олд Трафорд“ и тоа беше причина да се проговори дека тој планира да ги напушти „црвените ѓаволи“.

Баерн Минхен и ПСЖ исто така се заинтересирани за Аргентинецот, но Луис Енрике сака да го има во составот на Барса. Дали сличен трансфер е можен, ќе биде познато во наредните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП