Рускиот кошаркар, 34-годишниот Андреј Кириленко одлучи да ја заврши играчката кариера, објавија во вторникот руските медиуми кои пишуваат дека Кошаркарскиот сојуз на Москва има намера веднаш да го кандидира за претседател на Руската кошаркарска федерација.
„Ова е крајот на мојата играчка кариера. Играв долго и со многу успеси, но сега дојде време да преземам нова должност во кошарката“, изјави Андреј Кириленко, кој вториот дел од изминатата сезона го мина во московска ЦСКА.
И претходно беше најавено дека по завршувањето на играчката кариера, Кириленко ќе биде ангажиран во работата на националната кошаркарска федерација.
Мина десет години во најсилната кошаркарска лига на светот, американската NBA, играјќи за Јута, Минесота, Бруклин и Филаделфија. Со репрезентацијата на Русија освои три медали, злато на Европското првенство во 2007 година, и две бронзи, на Олимписките игри во Лондон 2012 и на Европскиот шампионат 2011 година.