20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧековски нема да настапи на Евробаскет

Чековски нема да настапи на Евробаскет

cekovski antic

Ѓорѓи Чековски нема да може да и се приклучи на сениорската репрезетација која ќе настапи на Европското првенство 2015-та, објави Македонската кошаркарска федерација.

Чековски ја одбил поканата на селекторот Александар Џикиќ да биде дел од националниот тим на претстојниот Евробаскет.

Големиот борец под кошевите поради повреда ги пропушти ланските квалификации, но иако постоеше надеж дека тој ќе им помогне на избраниците на Џикиќ на овој шампионат, Чековски решил да не биде дел од македонската репрезентација на ова големо натпреварување.

„Жалиме што Чековски нема да ни помогне во желбите да настапиме со сите расположливи сили на ЕП во 2015, но како негов поранешен капитен во Репрезентацијата, сведок сум дека секогаш бил на ниво на поставените задачи, а како сегашен Претседател на Федерацијата му изразувам благодарност за придонесот и 15- те сезони минати во најубавиот дрес“, објави претседателот на МКФ, Петар Наумоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП