28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Росонерите“ подготвија 50 милиони евра за Кавани

„Росонерите“ подготвија 50 милиони евра за Кавани

Coppa America, Uruguay vs. Giamaica

Милан ќе понуди 50 милиони евра за уругвајскиот репрезентативец и напаѓач на ПСЖ, Единсон Кавани, соопштува „Corriere dello Sport“.

Новиот тренер на „росонерите“, Синиша Михајловиќ инсистира за привлекување на 28-годишниот напаѓач и ќе се обложува на шемата 4-2-3-1 во новата сезона.

Кавани е со репрезентацијата на Уругвај на Копа Америка во Чиле. Тие веќе се квалификуваа за 1/4-финалето на турнирот и ќе ги одмерат силите со домаќинот Чиле за место во следната фаза.

Кавани постигна 18 гола за парижаните во минатата сезона и придонесе за освојувањето на трите титули на ПСЖ во Франција – Шампион, Купот на земјата и Купот на лигата.

Интерес кон него пројавуваат уште Јувентус и Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП