Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ официјално стана играч на Јувентус. Италијанскиот шампион за трансферот на Манџукиќ на Атлетико му плати 18 милиони евра. Хрватот во Торино ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра.
По доаѓањето во Торино, поранешниот играч на Марсонија од Славонски Брод, Загреб, Динамо, Волфсбург, Баерн и Атлетико, рекол дека е презадоволен што ќе игра за Јувентус.
„Ќе се борам на теренот, ќе го давам најдоброто од себе како што тоа го правев и во сите клубови во кои играв“, им порачал Манџукиќ на навивачите.
Манџукиќ е шестиот хрватски фудбалер кој ќе го носи „црно-белиот“ дрес на Јувнетус, по Ален Бокшиќ, Игор Тудор, Роберт Јарни, Роберт Ковач и Роберт Бан.