12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo ги објави цените на 4C Spider (фото)

Alfa Romeo ги објави цените на 4C Spider (фото)

4c spyder

Компанијата „Alfa Romeo“ ги објави цените на новиот модел „4С Spider“. Нарачки за овој модел веќе се прифаќаат, а според информациите со најниско ниво на опрема, возилото ќе чини 63.900 долари.

Кабриолетот ќе се нуди со комплет „Track Package“ со високи амортизери, преден и заден стабилизатор, специјална конструкција на страничните ретровизори, кои се изработени од јаглеродни влакна и тркачки гуми „Pirelli P Zero AR Racing“.

4c spyder1

Во внатрешноста се поставени елементи од природна црна кожа, а инструмент панелот е од јаглеродни влакна. Освен тоа „4C Spider“ доби посебен волан, нов издувен систем од „Akrapovic“, неколку видови бандажи со големина од 17, 18 и 19 инчи. Моделот ќе се нуди во 7 различни бои – „Madreperla White Tri-coat“, „Giallo Prototipo“, „Rosso Competizione Tri-coat“, „Rosso Alfa“, „Basalt Gray Metallic“, „Black“ и „White“.

Под хаубата на возилото е поставен 1,75-литарски бензински мотор со турбина. Агрегатот со 4 цилиндри развива 237 КС и максимален вртежен момент од 350 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч се реализира за 4,1 секунди, а максималната брзина е ограничена на 258 км/ч.

4c spyder2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП