
Фудбалскиот клуб Парма наредната сезона ќе ја започне во најнискиот ранг на италијанскиот фудбал, Серија Д.


Фудбалскиот клуб Парма наредната сезона ќе ја започне во најнискиот ранг на италијанскиот фудбал, Серија Д.
Тимот кој до неодамна играше во Серија А, не успеа да најде купувач и поради тоа е префрлен во најнискиот ранг.
Инаку, Парма во март објави стечај, а сезоната ја заврши на последното место, сепак единствената надеж на клубот дека во наредното првенство ќе игра во Серија Б беше да најде купувач.
Како единствен заинтересиран купувач се јавил поранешниот бејзбол играч Мајк Пјаца, но откако денеска и тој решил да се повлече, Италијанците објавија дека Парма ќе игра во Серија Д.