ИНТЕРЕСНО

Јуве ја чува „десетката“ за Јоветиќ

jove 10

Јувентус донел одлука да го задржи дресот со легендарниот број 10, кој моментално му припаѓа на Карлос Тевез, за ​​напаѓачот на Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ.

Се очекува наскоро шампионот на Италија да се раздели со искусниот Аргентинец, кој е многу блиску до враќање во Бока Јуниорс. Поради оваа причина тие се обидуваат да најдат замена за него, но и за другиот напаѓач Фернандо Љоренте, кој исто така си заминува. Пауло Дибала веќе беше купен, а наскоро треба да се финализира трансферот и на Марио Манџукиќ од Атлетико Мадрид.

Црногорецот веќе изгледа како непотребен на „Етихад“, каде го привлекоа Вилфред Бони во јануари, кој дури и зазеде местото на Јоветиќ во составот во Лигата на Шампионите.

„Бјанконерите“ одамна се интересираат за 25-годишниот фудбалер, кои се подготвени да направат голем гест, ако трансферот се случи. Бројот 10 е со посебна вредност за Јуве, бидејќи пред Тевез беше носен од легенда како Алесандро Дел Пиеро.