21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Кипарски АПОЕЛ е противникот на Вардар

ЛШ: Кипарски АПОЕЛ е противникот на Вардар

ls nova

Кипарскиот шампион АПОЕЛ ќе му биде ривал на Вардар во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Натпреварите ќе се играат на 14/15 јули (првиот меч) и на 21/22 јули (реваншот).

АПОЕЛ е најтрофејниот кипарски клуб има освоено 24 титули во првенството и 21 титула во Купот на оваа земја. На интернационален план најголемиот успех на АПОЕЛ е пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2011/2012 кога најдобар играч на клубот беше поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски.

Покрај Тричковски, во минатото дресот на АПОЕЛ го носеле уште четворица Македонци: Милан Стојановски, Јане Николовски, Горан Лазаревски и Бобан Грнчаров.

Инаку од првата група на жрепката во Нион, покрај двојката АПОЕЛ – Вардар беа извлечени уште четири двојки:

Хибернијанс (Малта) – Макаби Тел Авив (Израел)

Карабах (Азербејџан) – Рудар (Црна Гора)

Сараево (БиХ) – Лех Познан (Полска)

Марибор (Словенија) – Астана (Казахстан).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП