Италијанскиот гигант Интер официјално објави дека Џефри Кондогбија треба денес да ги помине медицинските прегледи, за да го финализира трансферот од Монако во вредност од 40 милиони евра.
„Договорите со Монако, односно Кондогбија веќе се потпишани“, соопштија „нероазурите“.
Секако, деталите за нив се чувани во целосна тајност, но сите медиуми во Италија се категорични дека трансферната цена за францускиот репрезентативец изнесува 40 милиони евра, кои можат да станат и повеќе при активирањето на одредени бонуси.
Кондогбија веќе потпиша 5-годишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. Во зависност од презентацијата на фудбалерот, таа може да достигне дури 5 милиони евра.