3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе: Победата е императив во Полска

Иџе: Победата е императив во Полска

idze 300

Најдобриот македонски возач Игор Стефановски – Иџе и бранител на титулата европски шампион со триумф сака на шестата трка од европскиот шампионат на ридски патеки која ќе се вози во Лиманова, Полска, да го избрише второто место освоено пред две седмици во Чешка.

Македонскиот автомобилистички ас, Игор Стефановски – Иџе ја продолжува европската одисеја со шестата трка со којашто ќе биде комплетиран првиот дел од Европскиот шампионат на ридски патеки, која викендов ќе се вози во Лиманова на југот на Полска. Досега, Иџе победи во Франција, Австрија, Шпанија и во Португалија, а беше втор на последната трка во Чешка. Таа трка на бранителот на европскиот трофеј му донесе само 18 поени и затоа мора да оди на сé или ништо во Полска. По првиот дел од сезоната и извозени шест трки во генералниот пласман се сметаат најдобрите пет резултати. И тоа е причината поради која Иџе во Лиманова стреми кон највисокото скалило од подиумот.

„Ова е многу важна трка за мене. Со победа ќе го елиминирам второто место во Чешка и ќе ја задржам пол позицијата за повторно освојување на европската титула. Во групата А, каде што вози мојот најголем конкурент за триумф во генералниот пласман Чехот Јаромир Мали, нема голема конкуренција и очекувам негова сигурна победа. Затоа, немам други опции освен да одам на триумф во Полска“, вели бранителот на европската титула Стефановски.

Иџе во моментов е водечки во генералниот пласман со 118 поени, а Мали има 86 бода и го очекува голема битка за одбрана на пехарот. Во неговата група Н повторно најголем конкурент ќе му биде Чехот Јири Лос, а дополнителен проблем може да биде и дождот кој е најавен за викендот во Полска.

„Патеката е многу лизгава. За викендот се најавени врнежи од дожд, а тоа значи дека ќе морам да се бидам максимално концентриран на патеката. Едно мало невнимание може да биде кобно. Лани во Полска од Чешка дојдов со изудирано возило и на оваа патека имав пех да ми откаже моторот. Сега се е во најдобар ред со возилото и се надевам дека овојпат нема да бидам така малерозен. Возилото би требало да ги издржи предизвиците и сметам дека можам да го освојам првото место“, додаде Иџе.

Лиманова е релативно нова ридско-брзинска трка. Ова е нејзино седмо издание, а по втор пат се најде на календарот за Европскиот шампионат. Патеката е долга 6.200 метри, натпреварувачите ќе имаат по две возења, а за пласман се смета збирот од двете постигнати времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП