ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Лаурентис: 100 милиони евра е цената на Игуаин!

Де Лаурентис: 100 милиони евра е цената на Игуаин!

gonzalo iguain 2249

Во последно време многу често се шпекулира околу продажбата на Гонзало Игуаин.

Меѓу најсериозните кандитати се Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.

Сепак, претседателот на Наполи има зацртано своја цена и тоа каква!

Како што пренесуваат медиумите, според неговите зборви едниствен начин Аргентинецот да си замине од клубот е тоа ако некој понуди 100 милиони евра за него.

Аурелио де Лаурентис инстира на тоа Игуаин да остане и натаму во Наполи.

„Транфер на Игуаин? Тој има договор со клубот и ние ќе го почитуваме. Доколку пристигне соодветна понуда, тогаш можеби и ќе подразмислиме малку“, вели Де Лаурентис.

Аргентинецот оваа сезона постигна 18 голови на 37 натпревари во Серија А, што беше доволно само за четвртото место на листата на стрелци во првенството.