24 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус го договори трансферот на Манџукиќ

Јувентус го договори трансферот на Манџукиќ

mario juve

Јувентус веќе го договорил привлекувањето на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Марио Манџукиќ.

Неколку медиуми во Италија, меѓу кои „Скај Спортс“, „Газета дело Спорт“ и „Ла Стампа“ објавија дека трансферот на Хрватот во насока Торино веќе е решен и тој ќе биде купен за 15 милиони евра, а цената може да се зголеми до 18 милиони со различни бонуси во зависност од претставувањето на играчот.

Според информациите, Манџукиќ ќе потпише договор за наредните 3 години и ќе добива плата во износ од 3,5 милиони евра по сезона.

Се очекува денеска генералниот директор на „бјанконерите“, Бепе Марота да лета до Мадрид за да го финализира договорот, а тогаш веста за трансферот на 29-годишниот играч ќе биде прогласен за официјален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП