28 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.06.2015

Дневен хороскоп 19.06.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Верувате дека сте во состојба да се организирате како што треба кога станува збор за работа која сакате што побрзо да ја завршите бидејќи размислувањето за тоа ви е прилично стресно. Имате впечаток дека ве игнорира еден Јарец или некој Рак со кој немате толку добра комуникација каква што сакате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале одамна. Можеби тие ќе бидат и од друго место, сосема неочекувано, но не и изненадувачки. Уживајте во средствата но не ги трошете сите, ставете некој денар на страна.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Интересот ќе ви биде насочен кон нештата за кои најмногу се залагате, а тоа се односи, релации, контакти. И овој ден, можеби, ќе бидете задоволни од тоа како ве третираат околината, луѓето, познати и непознати, но би требало да се прашате за кого, всушност, живеете и работите, дали за другите или за оние што ги сакате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Наскоро следува сериозно преиспитување поврзано со вашите постигнати резултати. Мора да бидете јаки за да се соочите со тоа. Својата доминација ќе и ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум, но не задоволувајте се само со тоа. Послушајте го советот на некој Бик, и не ја изневерувајте довербата на некој Рак.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можеби во текот на претпладневните чсови ќе бидете соочени со некои неочекувани проблеми. Брзањето при донесувањето на одлуки нема поволно да се одрази на вашата работа и на организацијата на вашиот живот. За совет од било кој вид во попладневните часови обратете се кај женско лице во знакот на Рак или Вага.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Напорен ден бидејќи имате премногу обврски или сте уморни. Некој се обидува да ви ги наметне своите желби или своите планови. Меркур, владетелот на вашиот знак се движи кон Риби што ве прави нетрпеливи. Не се откажувајте од желбата еден Рак да го убедите дека треба да ве послуша за некои важни прашања. Акцијата меѓу Месечината и Сатурн може да ве направи прилично неспокојни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сатурн негативно влијае на оние кои не се подготвени на било каква критика. Имате голема потреба да направите нешто по ваше, а многумина ќе се обидат да ве натераат да ги послушате нив. Ве нервира фактот дека би требало да работите како што другите сметаат, како вашиот интегритет да се нарушен со тоа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во исчекување сте нешто да се случи и се обидувате да владеете со себе и ситуацијата во која се наоѓате да ја гледате од комичен агол. Не можете да се снајдете во нешто што од вас бара добра концентрација. Планирате да ги изненадите Близнаците или Девицата со своите идеи кои се однесуваат на некои недвижнини или приватен бизнис.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес сте импулсивни но не во лоша смисла, освен ако некој не ве допре во слабата точка. Тоа би можеле да го направат Девица или некој друг Јарец и тоа тенденциозно. Кратките патувања или состаноци можaт да бидат причина за стрес и нервоза. Во љубовта сте дарежливи. Еден Лав или некој друг Овен имаат големо влијание врз вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве притискаат бројни грижи и се обидувате да ги решите на наједноставен начин. Ќе ви понуди помош некој кој ви е многу близок, можеби соработник или личност која ви е многу драга. Би можеле да добиете поволна вест во врска со пари или заработка во некоја работа со странци.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

На кавгите во вашата околина им нема крај, пробајте да најдете конечно решение за тие да не се повторуваат секојдневно. Голема е веројатноста да кажете нешто за кое долго време ќе жалите. Гласно потенцирајте дека ви е потребен мир и држете се колку што можете понастрана од провокатори на бесмислени расправии. Некој пријател од минатото ќе ви го разубави денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП