18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСопственикот на атински Олимпијакос под истрага

Сопственикот на атински Олимпијакос под истрага

Image (98)

Сопственикот на грчкиот фудбалски гигант Олимпијакос, Вангелис Маринакис е обвинет за криминални активности и до завршувањето на истрагата нема да може да извршува функции во фудбалот.

Властите го товарат Вангелис Маринакис за учество во криминална организација и местење резултати на фудбалски натпревари, а веќе е казнет со 200.000 евра и до почетокот на судењето редовно мора да се јавува во полицијата.

Сопственикот на Олимпијакост од претходно беше познат по афери за вмешаноста во криминал, па пред четири години бише обвинет дека местел резултати, а таа истрага сé уште е во тек.

Покрај Маринакис, грчкото обвинителство поднесе пријави и против уште два сопственика на прволигашки клубови, еден поранешен сопственик, два директора, девет функционери на Грчкиот фудбалски сојуз, шест активни судии и седум фудбалери.

Нивниот идентитет не е објавен, а не беше соопштено ниту за кои натпревари постојат сомневања дека се наместени, во најновата афера во грчкиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП