11 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКорупција во ФИФА: Уапсени аргентински бизнисмени

Корупција во ФИФА: Уапсени аргентински бизнисмени

Image (96)

Аргентинските бизнисмени Уго и Маријано Хинкинс ѝ се предале на аргентинската полиција по потерницата распишана од американските власти, поради истрагата за корупција во ФИФА.

Американското правосудство ги товари таткото и синот Хинкинс кои се обвинети дека се здружиле со уште еден сонародник, Алехандро Бурзако, за да профитираат од медиумските права од регионалните фудбалски власти, поткупувајќи ги со десетици милиони долари, пренесе агенцијата Reuters.

Бурзако е упасен на почетокот на јуни, тогаш тој ѝ се предал на италијанската полиција.

Американското правосудство за корупција обвини 14 лица, од кои седуммина се уапсени кон крајот на мај во Цирих, по што реизбраниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка на функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП