1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУкраина одби да биде домаќин на Еуробаскет 2017

Украина одби да биде домаќин на Еуробаскет 2017

ukraina evropsko kosarka

Украина се откажа од организацијата на Европското првенство во кошарка во 2017-та година.

Причината за тоа е недостаток на средства и политичката ситуација во земјата. Ова го објави денес министерот за млади и спорт, Игор Жданов, цитиран од украинските медиуми.

Во 2011-та година, Украина доби право да биде домаќин на овогодинешното Европско првенство. Поради проблемите во земјата, сепак европската федерација ФИБА Европа (FIBA Europe) одлучи да го премести во Хрватска, Франција, Германија и Латвија.

Поради добрата работа на локалната кошаркарска федерација и силното претставување на украинските играчи на Еуробаскет 2013, ФИБА Европа сепак и даде на Украина можноста да го организира следниот континентален шампионат.

Министерот сепак објасни дека во оваа фаза земјата ги нема потребните можности за вистинска организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП