18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамарџиски ќе игра за репрезентацијата на Европското првенство

Самарџиски ќе игра за репрезентацијата на Европското првенство

pegja 33

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Предраг Самарџиски одлучи повторно да го облече дресот на репрезентацијата за Европското првенство што летово ќе се одржи во четири држави.

Членот на славната генерација на македонската репрезентација од 2011-та, позитивно одговорил на повикот на новиот спортски директор на репрезентацијата Заре Марковски и веќе потврдил дека ќе се појави на подготовките.

„Со големо задоволство можам да кажам дека се ставам на располагање на селекторот и на македонската кошаркарска репрезентација со цел што подобро да ја претставам на Европското првенство 2015″, изјави Самарџиски.

Претходно и бекот Владо Илиевски одлучи да се врати во репрезентацијата и да му биде на располагање на селекторот Александар Џикиќ за Евробаскетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП