
Германската тенисерка Сабине Лисицки постави нов светски рекорд по број на aс удари на еден натпревар, откако отсервира дури 27 асови во Бирмингем против Белинда Бенчиќ.


Германската тенисерка Сабине Лисицки постави нов светски рекорд по број на aс удари на еден натпревар, откако отсервира дури 27 асови во Бирмингем против Белинда Бенчиќ.
„Убаво е да се постави уште еден рекорд. Сервисот е идеално оружје за трева, а јас ја обожувам оваа подлога“, изјави Лисицки.
Германката исто така го држи и рекордот во женскиот тенис во најбрз сервис. На мечот проитв Ана Ивановиќ минатата година во Стенфорд топката по нејзиниот сервис достигна брзина од 120,8 km/h.
Лисицки во својата кариера има освоено четири титули, а играше и во финалето на Вимблдон во 2013-та година.