7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ја одби втората понуда на Сити за Стерлинг

Ливерпул ја одби втората понуда на Сити за Стерлинг

sterling roni

Раководството на Ливерпул ги одби предложените 35,5 милиони фунти од Манчестер Сити за ѕвездата на тимот, Рахим Стерлинг.

Тоа беше вториот предлог кој „граѓаните“ го испратија во канцелариите на Ливерпул за 20-годишниот англиски репрезентативец. Вкупната сума всушност може да достигне 40 милиони англиски фунти, бидејќи постојат утврдени 4,5 милиони во форма на бонуси.

Сепак, „црвените“ веднаш го испратиле своето одбивање на понудата, за која се претпоставуваше дека е финалната од страна на Сити. Весникот „Гардијан“ тврди дека на „Етихад“ веќе го подготвуваат третиот предлог.

Стерлинг реално сам се стави на трансфер листата, откако го отфрли предлогот за нов договор со Ливерпул за 100.000 фунти неделна плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП