17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМика Ричардс потпиша за Астон Вила

Мика Ричардс потпиша за Астон Вила

638-397-majka-richards-fiorentina

Поранешниот играч на Манчестер Сити, Мика Ричардс, кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила, соопшти клубот од Бирмингем.

Ричардс со Астон Вила потпишал четиригодишен договор, а во новиот клуб доаѓа како слободен играч, откако му заврши договорот со Сити. Инаку, Ричардс, минатата сезона ја мина како позајмен во тимот на Фиорентина.

Ричардс не успеа да се наметне во Фиорентина, за ‘виолетовите’ одигра 19 натпревари, од кои само 10 во Серија А.

За репрезентацијата на Англија 26-годишниот десен бек има одиграно 13 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП