23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГачевски три години во ФК Вардар

Гачевски три години во ФК Вардар

Image (92)

Голманот Филип Гачевски е четвртото засилување на Вардар. Гачевски кој минатата сезона го чуваше голот на штипска Брегалница, потпиша три годишен со македонскиот шампион.

„Среќен сум што станав дел од најголемиот клуб во Македонија. Ова за мене претсавува нов предизвик. Горд сум што во минатата сезона моите добри настапи и долгите минути без примен гол биле забележани од Вардар и ме ангажираа во своите редови“, изјавил Гачевски за официјалната интернет страница на Вардар.

Гачевски во Вардар ќе има сериозна конкуренција за да се избори за место во стартниот состав, голот на шампионот минатата сезона го чуваше репрезентативецот Томе Пачовски.

„Во Вардар брани Томе Пачовски, капитенот на репрезентацијата и тоа доволно кажува за каква конкуренција станува збор. Тука се и Кобетиќ и Павловиќ кои имаа добри настапи во минатата сезона. Конкуренцијата е голема, но јас сакам да работам, сакам да се изборам за место во екипата и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата“, рекол Гачевски.

Гачевски во кариерата бранел за тимот на Капфенберг од Австрија, а една сезона минал во Луштенау.

На почетокот на сезоната 2014-2015 се пресели во Брегалница каде што успешно беше меѓу диреците на оваа екипа. Има настапи за младата репрезентација на Македонија, а беше повикан и за квалификацискиот меч против Словачка за сениорскиот национален тим на нашата земја.

Тој е четвртото засилување за „црвено-црните“ по Ацо Стојков, Бобан Николов и Владица Брдаровски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП