6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија Дортмунд има најлојални навивачи

Борусија Дортмунд има најлојални навивачи

bvb-dortmund-fans-edited-1

Само 93 навивачи од вкупно 55.000 сопственици на сезонски билети за натпреварите на Борусија Дормунд не ја обновиле претплатата за наредната сезона, иако клубот имаше релативно неуспешна сезона.

Екипата за само четири години мина пат од шампион на Германија, до тим кој се бори за опстанок, за да ја заврши сезоната 2014.15 во средината на табелата. Сепак, навивачите продолжија со несмалена жестина да го бодрат својот клуб и во најтешките моменти

Во сезоната во која и тренерот Јирген Клоп најави заминување, Борусија забележа најголема просечна гледаност во Европа од 80.424 гледачи по натпревар.

Од клубот се пофалија дека зад нив следат Барселона (77.632), Манчестер Јунајтед (75.335), Реал Мадрид (73.081) и Баерн Минхен (72.882).

„Само 93 одд 55.000 навивачи се одлучија да не ја обноват претплатата, но добра работа е што 93 лица од листата на чекање ќе стане членови на црно-жолтото семејство во наредната година“, соопшти раководството на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП