5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвроинс Осигурување официјален покровител на ракометниот камп Кирил Лазаров-7

Евроинс Осигурување официјален покровител на ракометниот камп Кирил Лазаров-7

kbb

Евроинс Осигурување го официјализира договорот за спонзорство наРакометниот камп Кирил Лазаров 7. Со ова, Евроинсстана официјална осигурителна компанија која обезбедува осигурување за сите учесници во летниот камп на македонската ракометна икона.

Договорот со ракометниот камп Кирил Лазаров 7 е одличен проект, кој треба позитивно да влијае во регионот, каде што ракометот се наоѓа во експанзија.На овој начин, Евроинс Осигурување потврдува дека останува приврзан кон спортот во Македонија, како компанија која веќе подолго време го поддржува и професионалниот, но и аматерскиот спорт.Спортувањето е начин за водење здрав живот кој треба да им се пренесе на младите и токму затоа со гордост го поддржуваме овој проект.Ова е наша прва соработка, но знаеме како се трасира патот на успехот, така што сме сигурни дека и во иднина заеднички ќе соработуваме на уште многу проекти.изјави Г-ѓа Ралица Губерова, Извршен директор на Евроинс Осигурување.

kaa

Ракометен Камп на Кирил Лазаров – најдобриот десен бек во светот, ќе се одржи од 22ри до 28ми јуни во Охрид.За таа цел, Евроинс им стави нарасполагање и три брендирани возила од гамата на Мазда, преку застапникот Стар Моторс.

„Презадоволен сум од тоа што успеавме да започнеме соработка со компанија како Евроинс Осигурување.Ова е уште една потврда за амбициозноста на нашиот проект, а со самото тоа што, покрај планираните активности, сите учесници на кампот ќе добијат и осигурување, е доказ за тоа дека се грижиме за учесниците на најдобар можен начин. Инаку, со создавањето на база од млади ракометари, всушност, ја градиме македонската иднина во ракометот, но и во спортот, воопшто – изјави Кирил Лазаров

kbb

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП