28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООваа сезона Барселона заработи најмногу од сите

Оваа сезона Барселона заработи најмногу од сите

pari barsa

Барселона е фудбалскиот тим со најголеми приходи во минатата сезона 2014/15, објави реномираното американско економско списание „Форбс“.

Каталонците ја достигнаа границата од 600 милиони евра приходи. Никогаш пред ова постигнување го нема остварено друг фудбалски клуб во рамките на една сезона.

Причината за рекордниот резултат на шпанскиот гигант е трите титули, меѓу кои е и пехарот во Лигата на Шампионите, кој придонесе за 57,9 милиони евра дополнителни приходи. За споредба, во сезоната 2013/14 приходите на тимот беа 530 милиони евра.

На второ место е вечниот ривал на каталонците Реал Мадрид со приходи во износ од 560 милиони евра, а на третата позиција е Манчестер Јунајтед со 540 милиони евра, иако не учествуваа во европските клубски турнири во оваа сезона.

Од следната сезона Барселона ќе добива 60 милиони евра повеќе приходи од новиот договор со „Qatar Airways“, кој само треба да биде потпишан од страна на новиот претседател. Претстои и обновување на договорот со американскиот концерн за спортска опрема „Nike“, со што ќе се зголемат уште повеќе приходите на каталонците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП