1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаре Марковски нов спортски директор на МКФ

Заре Марковски нов спортски директор на МКФ

zare 33

Заре Марковски ќе го наследи Илија Мерџановски на функцијата спортски директор во Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Марковски официјално ќе биде назначен на функцијата на седницата на Управниот одбор на МКФ која ќе се одржи денеска.

„По 24 години, со исклучок на двегодишниот ангажман кога беше селектор на нашата најдобра машка репрезентација, којашто првпат во историјата ја преставуваше Македонија на едно Европско првенство во 1999 година во Франција и долга низа престижни европски ангажмани, Заре Марковски повторно го става на располагање на матичната федерација огромното искуство и се очекува веќе денеска да биде во Скопје“, се вели во соопштението кое е објавено на официјалната интернет страница на МКФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП