26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС ја освоија титулата во НБА

ГС ја освоија титулата во НБА

gs sampioni

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја освоија титулата во НБА лигата по пауза од 40 години. Голден Стејт во големото финале славеше над Кливленд со 4-2, резултатот во шестиот меч беше 105:97. За најкорисен играч (МВП) е прогласен бекот на Вориорс Андре Игудала.

Голден Стејт до титулата стигна по водството на Кливленд од 1-2, во последните три средби Вориорси два пати победија на теренот на противникот во Охајо.

Во шестиот меч, Голден Стејт уште во првата четвртина стигна до двоцифрена предност, а неочекувано Игудала и Барнс го предводеа тимот. Во пресрет на последната четвртина Голден Стејт имаше предност од 15 поени, но Кливленд со серија од седум поени успеа да се врати во мечот, а тогаш Кари и Игудала погодија по една тројка и го решија прашањето на победникот.

Играч на мечот беше Андре Игудала кој имаше учинок од 25 поени и по пет скока и асистенции. Еден од најдобрите дефанзивни играчи во лигата неочекувано ја освои титулата МВП на финалната серија.

Беспрекорен меч одигра и Дрејмон Грин тој оствари ‘трипл дабл’ од 16 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Стеф Кари имаше проблеми со шутот во првото полувреме, но успеа да надомести во второто и заврши со 25 поени, 8 асистенции и 6 скока.

Двоцифрен учинок имаа и Шон Ливингстон и Фестус Езели постигнаа по 10 поени, додека Клеј Томпсон уфрли скромни пет поени.

Од друга страна Леброн Џејмс беше осамен во борбата со Голден Стејт, во шестиот меч му недостигаше една асистенција за нов ‘трил дабл’ (32 поени, 17 скокови, 9 асистенции).

‘Кралот’ најдобро го следеаа Тимофеј Мозгов (17 поени, 12 скокови), Тринстан Томпсон (15 поени, 13 скокови) и Џеј Ар Смит (19 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП