18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лигата ќе опстане, но во сопственост на клубовите

АБА лигата ќе опстане, но во сопственост на клубовите

aba_league_logo1

Регионалната АБА Јадранска кошаркарска лига, во којашто настапува и скопски МЗТ Аеродром, ќе продолжи да постои, но со променети услови и од следната сезона во стопроцентна сопственост на клубовите, беше договорено во вторникот на состанокот на челниците во Загреб.

Престроената регионална АБА лига ќе има 12 клубови коишто воедно ќе бидат и сопственици, а досегашниот сопственик компанијата „Сидро доо“, ќе остане во служба на новата лига.

Новиот концепт на АБА лигата е направен за да ги задоволи критериумите на Меѓународниот кошаркарски сојуз (ФИБА), која неодамна токму поради сопственичките односи одби да го признае ова натпреварување и притоа им се закани на националните сојузи со суспендирање, доколку клубовите од регионот продолжат да играат во АБА лигата, којашто последните десет години ги собираше клубовите од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, со повремено учество на екипи од Бугарија, Унгарија, Израел и Чешка.

Според засега непотврдените информации, седиштето на лигата ќе биде во хрватската престолнина Загреб, а претседател ќе биде Драган Бокан од подгоричка Будуќност.

На состанокот во Загреб присуствуваа членови на водството на лигата, претставници на клубовите учесници и претставници на националните сојузи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП