18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИмигрантски светски фудбалски куп во Торино

Имигрантски светски фудбалски куп во Торино

Image (85)

Светскиот фудбалски куп Balon Mundial, во кој се натпреваруваат 36 екипи составени исклучиво од доселеници населени во Италија, започна во северниот град Торино и ќе се игра до 5-ти јули во поддршка на промоцијата на борбата против предрасудите и расизмот.

Томасо Поцато, идејниот зачетник на ова првенство коешто се одржува веќе по деветти пат, истакнува дека со фудбалот сака да ја „поттикне интеракцијата меѓу заедниците коишто живеат во Италија, а цели се борбата против дискриминацијата, учењето на ферплеј, почитување на прописите и решавањето на конфликтите.

Фудбалерите потекнуваат од четири континенти и ги играат натпреварите секој викенд. Меѓу екипите се тимови од Гамбија и Мали, со што се потврдува дека токму од субсахарска Африка пристигнуваат најмногу имигранти.

Од 2011 година, имигрантскиот фудбалски куп има и женска секција, а годинава се натпреваруваат 11 екипи.

Годинешното издание на „Balon Mundial“ се одржува за време на засилените напори на италијанските власти товарот од имигрантите поправедно да се распредели на сите членки на Европската унија.

Повеќе од 100.000 имигранти и бегалци пристигнале во Европа од почетокот на 2015 година преку Средоземното Море. Од тоа Италија примила 76.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП