2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите сакаат да го „исплатат“ Капело

Навивачите сакаат да го „исплатат“ Капело

Image (84)

Група руски навивачи започнаа кампања за собирање на пари со цел да се откупи договорот од селекторот на репрезентацијата, Фабио Капело.

Договорот на Капело вреди 21,4 милиони евра, а навивачите сакаат да ги соберат парите со што практично би овозможиле негово заминување.

„Драги пријатели, веруваме дека на сите на кои ви значи судбината на рускиот фудбал сте длабоко разочарани и огорчени со последните резултати на националната селекција“, се вели во соопштението на навивачите.

Натаму се истакнува дека „најновите истражувања на јавното мислење говорат во прилог на тоа дека повеќето фудбалски навивачи сакаат Капело да замине од клупата, но за да се постигне тоа неопходно е Фудбалскиот сојуз на Русија да му исплати сума од 21,4 милиони евра“.

Капело се најде на мета на критики, по поразот од Австрија со 1:0 во натпревар од квалификациите за европското првенство 2016 година.

„Крајно време е да започнеме потрага за наведените милиони“, стои на насловната страница на спорт експрес, алудирајќи на парите кои се потребни да се исплати Капело.

Италијанскиот тренер минатата година потпишан нов вносен договор за водење на селекцијата на Русија до крајот на Мундијалот 2018 година, кој ќе биде одржан во таа држава.

Капело минатата година на Мундијалот во Бразил не успеа да ја одведе Русија во втората фаза од натпреварувањето, поради што беше критикуван, но благодарение на поддршката на мминистерот за спорт Виталиј Мутко ја задржа работата.

Во меѓувреме, Русија во квалификациие за ЕП забележа само две победи, од кои едната со службен резултат против Црна Гора поради нереди на навивачите во Подгорица,а втората победа против Лихтенштајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП