21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба бара плата од 12 милиони евра!

Погба бара плата од 12 милиони евра!

pogi

Кандидатот за претседателската функција во Барселона, Агусти Бенедито откри дека водел разговори со ѕвездата на Јувентус, Пол Погба, на кои францускиот репрезентативец побарал плата од 12 милиони евра за да го облече дресот на „каталонците“.

Погба е следен од голем број на водечките тимови, меѓу кои се и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но тој се уште не открил каде ќе ја продолжи неговата кариера.

„Разговарав со Погба. Прво имав разговори со Андреа Ањели (претседателот на Јувентус), а потоа лично и со него. Тој побара плата во износ од 12 милиони евра по сезона, а неговата трансферна сума е од 80 милиони евра“, коментира Бенедито.

Пред неколку недели личниот агент на Погба, Мино Раиола, даде уште еден повод за шпекулации дека неговиот клиент сигурно нема да остане во Јувентус. Раиола изјави дека во приватен разговор, неговиот клиент изјавил дека ќе заигра „таму каде што плаќаат повеќе“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП