18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнзаги си замина од Милан, Михајловиќ е неговиот наследник

Инзаги си замина од Милан, Михајловиќ е неговиот наследник

Serie A/Sampdoria-Milan

Раководството на италијанскиот гигант Милан официјално ја објави разделбата со тренерот Филипо Инзаги. „Росонерите“ исто така го објавија и името на очекуваниот нов тренер на тимот, Синиша Михајловиќ.

Легендата на тимот Инзаги помина една сезона на чело на „росонерите“, но резултатите на тимот беа повеќе од незадоволителни и така дојде до неговото разрешување. Под водство на поранешниот напаѓач, Милан забележа 14 победи, 13 реми и 13 порази.

Тимот заврши на 10-то место во Серија А и втора сезона не успеа да се пласира во европските натпреварувања.

Синиша Михајловиќ пак ја презеде функцијата на Инзаги помалку од два часа од официјалната разделба со клубот. Уште кон крајот на минатата сезона поранешниот играч на вечниот ривал Интер беше постојано поврзуван со Милан, но дури сега се дојде до двегодишен договор.

46-годишниот Србин досега ги водел тимовите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, како и националниот тим на својата татковина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП