2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го искушува Чех со 39 милиони фунти за пет години

ПСЖ го искушува Чех со 39 милиони фунти за пет години

petr golmanot11111

Францускиот шампион ПСЖ може да ја „украде“ зделката на Арсенал за Петр Чех, нудејќи му одлични персонални услови на голманот на Челзи, за тој да премине на „Паркот на принцовите“, наместо на „Емирати“.

Според информациите, французите се подготвени да му плаќаат на голманот 150.000 фунти неделно во рок од пет сезони, за да го убедат да потпише со нив. Според „Мирор“, ПСЖ има сериозна предност во преговорите на ниво клуб-клуб, бидејќи менаџерот на „сините“ од Лондон, Жозе Мурињо не сака да го засилува еден од директните конкуренти во англиската Премиер лига.

Главната пречка за трансферот е желбата на Чех да остане во Англија, наместо да се пресели во француската Лига 1, од каде што пристигна на „Островот“ пред десет години. Тој пред да го облече дресот на Челзи, две сезони настапуваше во редовите на Рен.

Желбата на голманот и најважните вести околу неговата иднина ќе бидат познати до крајот на оваа недела, откако тој и раководството на Челзи ќе се состанат на разговори поврзани со неговиот трансфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП