16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа три натпревари паднаа 70 погодоци

На три натпревари паднаа 70 погодоци

infonet 222

Љубителите на фудбалот во Естонија изминатиот викенд имаа можност да уживаат на ретко виден фестивал на голови, бидејќи на само три натпревара од првото коло на националниот куп беа постигнати неверојатни 70 погодоци.

Повеќето од половина од погодоците беа постигнати во Талин каде прволигашот Инфонет славеше против аматерите од Виртсу со дури 36-0. Во првото полувреме домаќините дадоа 13 погодоци, а во вториот кога амтарите очигледно се изморија, беа дадени уште 23 погодици. Во листата на стрелци се запишаа дури 11 фудбалери на Инфонет, а бекот тревор Елхи натпреварот ќе го памти до крајот на животот бидејќи даде 10 гола.

Нималку подосадно не беше на мечевите Куресааре-Рапла Локомотив (20-0) и Транс Нарва-Еестимаа Касакад (14-0).

Резултатот од Естонија не е ни близу до светскиот рекорд на официјални мечеви. Имено, во 2002 година во првенството на Мадагаскар Ас Адема го совлада Стејд Олимпик со дури 149-0. Сите голови всушност беа автоголови, бидејќи играчите на гостинската екипа на овој начин искажаа револт поради претходни судиски одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП