4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДел Потро повторно на операција

Дел Потро повторно на операција

Tennis: Miami Open-Pospisil v Del Potro

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, кој нема среќа со здравствената состојба преку видео-порака соопшти дека повторно ќе мора да оди на операција на рачниот зглоб.

„Зад мене се тешки недели и месеци-некои тажни денови, некои тмурни денови. Нема многу светло на крајот од тунелот поради мојата сериозна повреда на рачниот зглоб, но добар дел од приказната е што не се откажувам. Ако постои една работам која сакам да ја направам, тоа е да се борам за она што го сакам и да играм тенис“, рече Дел Потро.

Аргентинецот, кој полни 27 години во септември, заклучи дека операцијата е единствена солуција и се надева дека овој зафат ќе биде последен.

Дел Потро своевремено беше четврти тенисер на светот и во 2009 година со освои US open.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП