3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА отвори дисциплинска постапка против Хрватска

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Хрватска

hrvatska-kukast-krst

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и официјално отвори дициплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз поради нацистички симбол на натпреварот Хрватска-Италија на Пољуд во петокот, стои на страницата на УЕФА.

Во краткото соопштение се наведува дека дисциплинската постапка е покрената поради расистичко однесување, но и поради непримерно однесување на хрватските репрезентатитивци кои добија еден црвен и четири жолти картони. Одлуката за казната УЕФА најверојатно ќе ја донесе на 16 јули.

На Хрватскиот фудбалски сојуз му се заканува нов финансиски удар од УЕФА, а на репрезентацијата суспензија или одземање на бодови со оглед дека се работи за повеќекратно повторуван прекршок, наведува агенцијата Hina.

Натпреварот на Пољуд беше одигран без публика поради претходна казна на УЕФА, а за време на првото полувреме на јужниот дел од тревата беше забележан повеќеметарски знак, кој потсетуваше на нацистичкиот кукаст крст. За време на полувремето работниците на стадионот се обидоа да го корегираат спорниот дел од тревата и да го избришат знакот, кој настанал со помош на хемикалии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП