18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го сака својот поранешен пулен?

Мурињо го сака својот поранешен пулен?

Real Madrid's coach Mourinho talks to Ramos during the Champions League Group G match against AC Milan in Milan

Серхио Рамос не е задоволен на „Сантијаго Бернабеу“. Не станува збор за договорот, туку смената на Анчелоти и начинот на кој клубот се однесува кон Касиљас.

Искусниот дефанзивец со некои изјави го навлече гневот кај Перез, па медиумите тврдат дека односите меѓу раковоството и Рамос, никогаш не биле толку лоши.

И покрај несогласувањата кои ги имаа во финишот на сезоната, Рамос и Роналдо се на иста страна и тоа би можело да го минимизира влијанието на претседателот, но и да го отежни животот на Бенитез, доколку работите тргнат во друга насока.

Се појави Мурињо, а доаѓањето на Рамос во Челзи практично ќе му ги реши сите проблеми, иако тој го посакува Варан, но Реал нема да го пушти младиот Французин. Рамос е постар и на некој начин е легенда на клубот, на крајот би можел да го напушти Мадрид, особено ако не потпише нов договор.

Цена?

Според некои информации, Мурињо е подготвен да плати 50 милиони евра со што ќе го изедначи рекордот на Давид Луиз кој е најскапиот дефанзивец во историјата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП