27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар останува во Барса до 2020-та година

Нејмар останува во Барса до 2020-та година

nejmar 2

Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе го обнови договорот со Барселона, објавија медиумите во Шпанија.

Според информациите 23-годишниот играч има договорено нов петгодишен договор и плата од над 12 милиони евра по сезона.

Договорот ќе биде потпишан по турнирот Копа Америка, каде Нејмар игра за тимот на Бразил.

Па така, овој фудбалер ќе стане вториот највисокоплатен играч во Барселона по Лионел Меси.

Во новиот договорот ќе има клаузула според која оние кои ќе сакаат да го купат Бразилецот ќе треба да платат 250 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП