4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкапа е „љубовта“ на Русија и Капело

Скапа е „љубовта“ на Русија и Капело

Fabio_Capello_28

Фудбалската репрезентација на Русија продолжува да тоне во квалификациите за пласман на ЕУРО 2016, но и покрај тоа никој не помислува да му врачи отказ на селекторот Фабио Капело.

По шокантниот пораз од Австрија во Москва, Русија остана на осум бода во групата, но и покрај тоа Русите не се премногу расположени да му врачат отказ на селекторот, а причината се парите.

Имено, доколку Капело добие отказ Русите ќе мора да му исплатат сума од 21,5 милиони евра.

Капело има договор со Русија до 2018-та година кој е вреден 32,5 милиони евра, минатата година тој заработи 4,5 милиони евра, а платата за оваа година му изнесува 6,5 милиони евра.

Русија има само две победи во квалификациите за пласман на ЕУРО 2016, од кои само една е изборена на фудбалскиот терен, против Лихтенштајн, додека втората ја добија службено поради инцидентот на мечот со Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП