18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС на чекор до титулата, седум тројки на Кари

ГС на чекор до титулата, седум тројки на Кари

kari eee

Голден Стејт Вориорс се на чекор до освојување на шампионската титула во НБА лигата, откако во финалната серија со Кливленд поведоа со 3-2. Петтиот меч во серијата одигран во Оукленд заврши со победа на Голден Стејт од 104:91.

Стеф Кари го предводеше тимот до победата со 37 поени (7 тројки), тој беше иницијатор на серијата 19:5 во финишот на мечот. Кари во таа серија постигна 11 поени, а имаше уште седум скока и 4 асистенции.

Покрај Кари, Голден Стјет го предводеа уште Дрејмонд Грин (16 поени, 9 скока), Андре Игудала (14 поени, 8 скока, 7 асистенции) и Леандро Барбоса (13 поени).

На спротивната страна Леброн Џејмс запиша нов ‘трипл дабл’ (40 поени, 14 скокови, 11 асистенции), а Тринстан Томпсон со 19 поени и 10 скокови.

„Верувам во нас, бидејќи јас сум најдобриот играч во светот“, рекол Џејмс.

Наредниот меч ќе се одигра во вторник во Кливленд, откако НБА го смени форматот на финалните мечеви (наместо 2-3-2 се игра 2-2-1-1-1). Тимот кој победувал во петтиот меч ја освојувал титулата 12 пати од 14 обиди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП