23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајмладите и најбогати спортисти во светот

Најмладите и најбогати спортисти во светот

Neymar-James

Ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид, Нејмар и Хамес Родригез се најмладите во рангирањето на списанието „Fobres“ за 100-те најбогати спортисти во светот.

Двајцата имаат по 23 години, а нивниот приход за последните 12 месеци е еднаков на 31 и 29 милиони долари.

Третата позиција е за еден од најдобро платените во американскиот фудбал – Тајрон Смит од Далас Каубојс со 21.4 милиони долари. Само пред една година Смит потпиша 8-годишен договор за 97.6 милиони долари, придружен со 10 милиони долари бонус.

Во рангирањето следат други двајца фудбалери – Еден Хазард (Челзи) и Герет Бејл (Реал Мадрид)  со 19,6 и 35 милиони долари. Бејл е на чело на приходи меѓу спортистите под 25 – годишна возраст.

По него е рангирана јапонската тениска ѕвезда Кеј Нишикори (19.5 милиони долари), потоа е Моркис Паунси (Питсбург, 18,9 милиони долари), како и двајца кошаркари – Џејмс Харден (Хјустон) и Кевин Дурант (Оклахома) со приходи од 18.8 милиони долари и 54.1 милиони долари.

Топ 10 листата на најмладите и богати спортисти во светот завршува со Рори Макилрој. Голферот заработил 48.3 милиони долари за последната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП