24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите обезбедија пласман на ЕП

Ракометарите обезбедија пласман на ЕП

kire-lazarov-cheshka

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство откако во последниот натпревар од Групата 6 славеше над Чешка со 32:28 (15:12).

Македонската ракометари во решавачкиот меч наидоа на жесток отпор од чешката репрезентација, а пресврт во играта и резултатот донесе капитенот Лазаров.

Чесите го контролираа мечот и резултатот во првите 20 минути, кога активен резултат за Македонија обезбедуваше Дејан Манасков. Чесите имаа предност од два гола, но текот на мечот го смени влегувањето на Кирил Лазаров. Капитенот иако повреден беше иницијатор на пресвртот во последните 12 минути од првиот дел кога по негативата од два гола Македонија на полувреме замина со предност од три гола.

Во второто полувреме ‘црвено жолтите’ ја одржуваа предноста од три до четири гола, но во последните десет минути Чешка на два пати стига до негатива од еден гол, но тој последен налет на Чесите го одбија Лазаров и голманот Ристовски.

Капитенот Лазаров со 12 голови, односно Манасков со 7 и голманот Ристовски со 12 одбрани беа јунаците на победата на македонската селекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП