Претседателот на Милан, Силвио Берлускони откри дека клубот е сосема блиску до финализирање на договорот за напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез.
Колумбискиот репрезентативец добие дозвола од португалскиот гигант да си бара нов тим, во кој ќе биде продаден. Оние кои го сакаат неговиот потпис беа многу, но „змејовите“ изјавија дека ќе ги сослушаат само оние кои се подготвени да ја покријат откупната клаузула од 35 милиони евра.
Очигледно „росонерите“ имаат можности да ја платат оваа сума, ако се суди по изјавата на нивниот сопственик.
„Ние сме во финалната фаза во преговорите за Џексон Мартинез“, коментира Берлускони.
„Тој е многу блиску до тоа да го облече дресот на Милан“, дополни поранешниот премиер на Италија.
Иако неговите зборови тие, се уште има извори кои покажуваат дека Манчестер Сити и Арсенал се уште се во битката за голгетерот.