На Манчестер Јунајтед воопшто не му се непознати „големите“ трансфери, а тоа го потврдија во претходните години, а се очекува до крајот на преодниот рок минимум едно големо засилување да пристигне во екипата на Ван Гал.
Лани тоа беа Радамел Фалкао и Анхел ди Марија, а оваа година тоа би можел да биде Хари Кејн, ѕвездата на Тотенхем и фудбалер кој имаше неверојатна сезона. Да споменеме дека Манчестер Јунајтед е во потрага на напаѓач, затоа што Фалкао веќе го напушти клубот, додека Ван Перси е пред заминување.
Се очекува Кејн уште повеќе да напредува во иднина, тој има само 21 година, а пред неколку месеци беше повикан и во репрезентацијата на Англија.
Релевантни медиуми во светот, како „ESPN“ ја пренесоа веста дека „ѓаволите“ веќе имаат испратено понуда до Тотенхем за споменатиот напаѓач, додека други, оние поблиски до клубот во Манчесетер, веруваат дека станува збор за понуда од 50 милиони фунти.
Големо прашање е дали Леви ќе ја прифати оваа понуда, претпоставувајќи дека овие 50 милиони фунти му беа малку за Хари Кејн кого го бараше и Реал Мадрид во претходните неколку месеци.